Planning for regional development in the South – East represents one of the fundamental steps towards fulfilling the mission of the regional centre for development. In addition, the centre for regional development in the South-East region marks the beginning of the process for identification, promotion, management and utilizing developmental potentials of the South – East planning region.

More about the Center

Компонента 4 – Развој на човечки ресурси

Компонентата за развој на човечки ресурси има за цел да ги поддржува земјите кандидатки во развојот на политики, како и во подготовката за спроведување и управување со кохезивната политика на Заедницата, особено во смисла на нивна подготовка за Европскиот социјален фонд (ЕСФ). Истата е во согласност со Европската стратегија за вработување и ревидираната Лисабонска стратегија и ги зема предвид целите на Заедницата на полето на вработувањето, социјалното вклучување, образование и обука, еднаквост на половите.

Приоритетите од компонентата 4 за развој на човечки ресурси се во согласност со регулативата за ЕСФ за 2007-2013: Зголемување на приспособливоста на работниците и на претпријатијата, особено доживотното учење, поттикнување на претприемништвото и услугите за поддршка во контекст на преструктурирањето. Зголемување на пристапот до вработување, спречување на невработеноста, особено со поттикнување на модернизацијата на институциите на пазарот на работна сила, спроведување на активни и превентивни политики и активности за зголемување на учеството на жените. Засилување на социјалното вклучување на луѓето од загрозените групи и борба против сите форми на дискриминација на пазарот на работна сила. Поттикнување партнерства и создавање мрежи на полето на вработувањето и социјалното вклучување. Проширување и подобрување на инвестирањето во човечки капитал, особено со поттикнување на реформи во системот на образование и системот на обука. Зајакнување на институционалниот капацитет и ефикасност на јавната администрација и јавните служби, социјалните партнери и релевантните невладини организации во вработувањето и социјалните области.

Приоритетите се, исто така, во согласност со целите од Лисабонската стратегија: забрзување на економскиот раст, охрабрување на иновациите и креирање на повеќе и подобри работни места.

Компонентата 4 се фокусира на три приоритетни области: вработување, образование и обука и социјална вклученост

Целта е да се привлечат и задржат повеќе лица во работен однос, да се модернизира системот за социјална заштита, да се зголемат инвестициите во човечкиот капитал за да се оствари поголем раст, креирање на подобри работни места и да се зголеми национална конкурентност на меѓународно ниво.

Приоритетните оски и мерки се следните:

Приоритетната оска 1: Вработување: привлекување и задржување на повеќе лица во работен однос со:

Мерка 1.1. Понатамошен развој на Агенцијата за вработување и подобрување на условите за вработување,

Мерка 1.2. Поддршка на спроведувањето на Стратегијата за вработување и на Националниот акционен план за вработување,

Мерка 1.3. Интегрирање на младите невработени, жените и подолго невработените лица на пазарот на труд,

Мерка 1.4. Намалување на сивата економија преку изнаоѓање на начини за нејзина легализација;

 

Приоритетна оска 2: Образование и обука - инвестирање во човечки капитал преку подобро образование и вештини со:

Мерка 2.1. Модернизација на образовните системи и системите за обука,

Мерка 2.2. Овозможување на достапност до квалитетно образование за етничките заедници и

Мерка 2.3. Развивање на образованието за возрасни и доживотно учење.

 

Приоритетна оска 3: Социјално вклучување - промовирање на пазар на трудот отворен за сите со:

Мерка 3.1. Поддршка на процесот на социјална вклученост на ранливите групи на населението и изолираните зони,

Мерка 3.2. Интегрирање на малцинствата и

Мерка 3.3. Јакнење на релевантните чинители.

 

Приоритетна оска 4: Техничката помош има за цел поуспешна реализација на предвидените активности и постигнување на саканите и предвидените цели, ефикасно следење, евалуација, администрирање на проектите и информирање. А средства кои ќе се користат за техничка помош на сите институции вклучени во овој процес се веќе испланирани. Воедно, оваа помош има за цел обучување и подготовка на нашите национални институции што поефикасно да ги користат средствата кои ќе стојат на располагање на нашата земја преку Европскиот социјален фонд.

Компонента 1 - Транзициска помош и институционална надградба
Компонента 2 - Прекугранична соработка
Компонента 3 - Регионален развој
Компонента 4 - Развој на човечки ресурси
Компонента 5 - Рурален развој
Стратегиска кохерентна рамка

Funds

Instrument for Pre-Accession Assistance (IPA) is part of the package for external relations. IPA and other elements of the package are a great opportunity for streamlining and simplifying the procedures of the European Commission and improving the coherence and coordination of the activities of the Commission.

More about EU IPA funds

Timeless brochure

timeless3a

Offer 365

offer1a

Leaflet for the Centre

giz1a

The South-East region

Native RTL SupportThe established planning regions correspond to the statistical regions defined by the nomenclature of territorial units for statistics NTES-3, in order to provide a statistical basis for planning the development.

More about the region

The council of the region

Ultimate Browsers SupportEach planning regions has its own established Council. The members of the Council for development of the planning region are the Mayors from the local governments within the region.

More about the council

Мunicipalities in the region

Docs and Support10 Municipalities from the Republic of Macedonia are part of the South – East planning region: Bogdanci, Bosilovo, Valandovo, Vasilevo, Gevgelija, Dojran, Konche, Novo Selo, Radovish and Strumica.

More about municipalities in the region

Go to top