Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.

Повеќе за Центарот

Број на оглас: 01/2014


ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН

I.1) Податоци за договорниот орган

I.1.1) Назив на договорниот орган: Центар за развој на Југоисточниот плански регион Струмица

I.1.2) Адреса: Боро Џони бр.10

I.1.3) Град и поштенски код: Струмица 2400

I.1.4) Интернет адреса: http://www.rdc.mk/southeastregion/

I.1.5) Лице за контакт: Ристо Чивчиев Адреса на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Телефон/Факс: 034340139/034340139

I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:

На горната адреса

I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:

Правни лица основани за задоволување на потребите од јавен интерес – Член 4 став 1 алинеја б) од Законот-Друго


ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ


II.1) Предмет на конкурсот:

Изработка на архитектонско урбанистички проект со идејно решение за „Етно село - Пирго“ во КО Мокрино - општина Ново Село

 

II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не


II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи: Не


II.4) Референтна номенклатура (ОПЈН)

 


II.5) Подетален опис на конкурсот:

Конкурсот за избор на идејно решение за изработка на архитектонско урбанистички проект со вклучена ревизија е дадена во конкурсната документација


ДЕЛ III: ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ


III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: Да

Ако е ДА се наведуваат минималните услови за утврдување на способност:

Право на учество има секое заинтересирано домашно и странско правно лице регистрирано за дејноста и физички лица дипломирани архитекти или студенти на архитектура и кое подигнало тендерска документација од страната на Бирото за јавни набавки или од архивата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
По доставувањето на одлуката за избор на најдобро избрано идејно решение во рок од 3 (три) дена, избраниот учесник на конкурсот треба да ги достави следните документи:

6.2.1 за физичко лице:
- Изјава дека во последните 5 (пет) години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничко здружување, корупција, измама или перење пари;
- Склучен договор за деловно техничка соработка со правно лице, кое што ги исполнува условите наведени во точка 6.2.2 во прилог документите за докажување на исполнувањето на условите за утврдување на неговата способност;

6.2.2. за правно лице:

А) за домашно правно лице:

За учество во понатамошната постапка за доделување на договор за изработка на основен проект со вклучена ревизија мора да ги исполнуваат следните критериуми за утврдување на нивната способност:

1. Личната состојба
Договорниот орган ќе го исклучи од понатамошна постапка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничкаорганизација, корупција, измама или перење на пари;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки,
- кому му е изречена прекршочна санкација – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење на одделна дејност; и
- кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.

Потребни документи за докажување на исполнување на критериумите за утврдување на личната состојба:

 изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
 потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
 потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
 потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен
 орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
 потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавно приватно партнерство и договори за јавно-приватно партнерство,
 потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
 потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

2. Способноста за вршење на професионалан дејност

За да ја докаже способноста за вршење на професионалан дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност (ДРД образец) како доказ дека е регистриран како физичко или правно за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.

3. Техничка и професионална способност

Минимални услови за утврдување на техничката или професионаланата способност на економскиот оператор е тој да има:

- Економскиот оператор треба да поседува соодветна лиценца за проектирање на градби од втора категорија, согласно Законот за градење („Сл. весник на РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13 и 163/13).
- Економскиот оператор да има склучено договор за соработка со правно лице кое е носител на лиценца за ревизија на проектна документација од втора категорија, согласно Законот за градење („Сл. весник на РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13 и 163/13).

Исполнувањето на минималните услови за техничката или професионаланата способност на економскиот оператор ја докажува со доставување на:

- Лиценца „Б“ за проектирање на градба од втора категорија, согласно Законот за градење издадена од Министерствот за транспорт и врски на Република Македонија („Сл. весник на РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13 и 163/13).
- Договор за соработка склучен со правно лице (ревидент) со приложување на Лиценца за ревизија на проектна докумнентација од втора категорија, согласно Законот за градење, на име на правното лице (ревидентот) издадена од Министерствот за транспорт и врски на Република Македонија.

Б) за странско правно лице:

За исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба и критериумите за утврдување на техничка или професионална способност на правното лице, договорниот орган ќе ги прифати сите соодветни документи од земјата каде што правното лице е регистрирано, издадени од надлежните органи на земјата. Доставените документи од странското правно лице е потребно да бидат доставени и во македонски превод и потврдени од страна на Комората на овластени архитекти и инженери.

 

III.2) Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: Не

 

III.3) Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:

Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираното идејно решение:

- оригиналност, креативност, инвентивност и
економичност на понудените решенија .........40 бода
- функционалност ...............................................30 бода
- естетика ..............................................................30 бода
Напомена: Оценувачката комисија при евалуација на конкурсните трудови ќе врши оценување на секој дел/ови поединечно при што може да донесе одлука да се продолжи со постапката со преговарање со прво рангираниот за чие решение ќе биде оценето дека е најсоодветно согласно конкурсните барања или да го поништи конкурсот, доколку се понудени трудови кои не одговараат на понудените барања.


ДЕЛ IV: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ


IV.1) Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите


IV.1.1) Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
31.03.2014 во 14.00 часот. Место: Струмица, Центар за развој на Југоисточниот плански регион

 

IV.1.2) Доделување на наградa/награди: Да

Ако е ДА, да се наведе која/кои:

Договорниот орган ќе додели:
- Прва награда за избраното решение во висина од 100.000,00 денари;
- Втора награда во висина од 50.000,00 денари;
- Трета награда во висина од 30.000,00 денари.
- Договорниот орган дополнително може да ги откупи петте следно рангираните идејни решенија во висина од по 9.000,00 денари;
Договорниот орган го задржува правото да не ги додели наградите, односно да не изврши откуп на идејните решенија. Определените награди истовремено ќе преставуваат и откуп на авторските права и обештетување на авторите во целост, за што истите мора да пополнат и достават соодветна Изјава за согласност. Изјавите за согласност за откуп/отстапување на авторските права се однесуваат и важат и за понудите кои нема да ја освојат првата награда, а се додставени до договорниот орган како идејни решенија. Со исплатата на конкурсните трудови распишувачот на конкурсот се стекнува со право на употреба на наградниот труд во целост. Жири комисијата се состои од 5 члена,


IV.2) Имиња на членови на жири комисија:

IV.3) Дополнителни информации:


IV.4) Датум на објава: 24-02-2014

 

ДЕЛ V: ДОКУМЕНТИ


ДЕЛ VI: ПОНИШТУВАЊА


ДЕЛ VII: ПРИЛОЗИ


ДЕЛ VIII: ИЗВЕСТУВАЊА ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

 

 

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Timeless брошура

timeless3a

Понуда 365

offer1a

Лифлет за Центарот

giz1a

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top