Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.
Инструмент за претпристапна помош – ИПА (2007-2013)
Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на конхерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.
Основната цел во текот на дизајнирањето на ИПА беше да се осовремени целокупната претпристапна помош под една единствена рамка, и да се обединат под иста регулатива и земјите кандидатки за членство (Хрватска, Турција и Република Северна Македонија) и земјите потенцијални кандидатки за членство (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора).
Така, ИПА ги замени инструментите: Помош за Полска и Унгарија за економска реконструкција (Фаре), Инструмент за структурни политики за претпристапување (ИСПА), Специјална програма за пристапување за земјоделство и рурален развој (САПАРД) и Инструментот за претпристапување на Турција, како и Помош на Заедницата за реконструкција, развој и стабилност (КАРДС).
Правната основа за ИПА е дефинирана со Регулативата (EЗ) бр. 1085/2006 НА СОВЕТОТ од 17 јули 2006 година, која го воспостави Инструментот за претпристапна помош (ИПА) во обид да се подобри ефикасноста на надворешната помош на Заедницата. Со цел подетално регулирање на процесот на спроведување на ИПА, e изготвена една единствена регулатива за спроведување што ќе ги опфаќа сите пет компоненти од Регулативата за ИПА, имајќи ги предвид посебните карактеристики на поединечните компоненти на ИПА: а тоа е Регулативата (ЕЗ) бр. 718/2007 од 12 јуни 2007 година за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1085/2006 на Советот за воспоставување Инструмент за претпристапна помош (ИПА).
Спроведувањето на ИПА подразбира Комисијата и земјите кориснички да потпишат рамковни спогодби (РС/FА) со цел да ги утврдат принципите на нивната соработка според оваа регулатива. РМ и ЕК потпишаа рамковна спогодба, која, исто така, е ратификувана од Собранието на РМ на 30.01.2008 година, а стапи во сила на 04.03.2008 година – за првите 4 компонети.
ИПА е сочинета од следниве 5 компоненти:
Компонента 1 - Транзициска помош и институционална надградба
Компонента 2 - Прекугранична соработка
Компонента 3 - Регионален развој
Компонента 4 - Развој на човечки ресурси
Компонента 5 - Рурален развој
Стратегиска кохерентна рамка
Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.
Планските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.
Совет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.
10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица