Во рамките на реализацијата на проектот „Заеднички стратегии за заштита на биолошката разновидност и одржлив развој на билатералнaта мрежа на заштитени подрачја“ (во понатамошниот текст - проект „COMBINE2PROTECT”), финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција 2014-2020, чија главна цел е да се обезбедат најсоодветни инструменти за промовирање на капацитетот за зачувување на биолошката разновидност и нивно ширење до широк спектар на корисници за да се обезбеди одржливост, зголемување на бројот на видови, областа на живеалишта и заштитени екосистеми и подобрување на алатките за зачувување, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на ден 17.04.2018 година објавува:  

 КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 1 (ЕДЕН) ИЗВРШИТЕЛ

ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРОЕКТОТ

 

  1. Проектен асистент – на определено време од 23 месеци

Прилог 1: Работни задачи на проектниот асистент

Прилог 2: Кратка биографија (CV) на англиски јазик

Прилог 3: Прирачник за имплементација на проекти финансирани од ЕУ преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Грција 2014-2020

Прилог 4: Прирачник за КОМУНИКАЦИЈА И ВИДЛИВОСТ за надворешните активности на ЕУ

Кандидатите за горенаведената позиција треба да ги исполнуваат следните општи и посебни критериуми:

  • Завршено високо образование
  • Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација)
  • Солидно познавање на работа со компјутер (Word, Excel, Outlook, PowerPoint)
  • Добри организациски, комуникациски, интерперсонални и насочувачки вештини
  • Способност за тимска работа.

Работното искуство на ЕУ проекти ќе се смета за предност.

Заинтересираните кандидати за горенаведената работна позиција својот интерес можат да го најават со доставување на кратка биографија (CV), мотивационо писмо на англиски јазик како и дополнителни документи за докажување на горенаведените критериуми, со назнака „По конкурс за проект COMBINE2PROTECT“, најдоцна до 25.04.2018 година (среда), до 12.00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, ул. Боро Џони бр. 10, 2400 Струмица.      

Кандитатите кои ги исполнуваат потребните критериуми ќе бидат повикани на интервју и тестирање (на англиски јазик). Дел од прашањата за тестирањето на кандидатите ќе бидат формулирани од содржината на Прилог 3 и Прилог 4.

Дополнителни информации може да се добијат со испраќање на и-меил на следнава електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

                                                        

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top