Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво прскање против возрасни комарци по земјен пат.
Согласно набавката предвидени се вкупно две прскања за ларвициди и три прскања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.
Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 24 и 25 јуни 2020 година, со следниот распоред:
1. На 24.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица и
2. На 25.06.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.
Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.
Планските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.
Совет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.
10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица