Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамките на своите надлежности што произлегуваат од Законот за рамномерен регионален развој, го отпочна процесот на изработка на среднорочниот плански документ - Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024, со тоа што на ден 06.10.2020 се одржа Воведната консултативна средба на засегнатите страни за изработка на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024.

 

Целта на воведната средба беше запознавање на учесниците со процесот и методологијата за изработка на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2020-2024. Средбата се одвиваше он-лине на платформата ЗООМ, каде активно беа вклучени околу 20-тина претставници од сите засегнати страни од регионот и тоа: претставници од десетте општини што му припаѓаат на регионот, претставници од јавниот сектор, приватниот сектор, граѓанските организации, академската заедница, како и други релевантни чинители од Југоисточниот плански регион.

 

Постапката за изработка на Програмата, е од особена важност за Југоисточниот плански регион и ќе се одвива во неколку фази, во согласност со Правилникот за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој.

 

Процесот на изготвување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион е поддржан преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува со поддршка на од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка во Р.С.Македонија.

 

Фондови

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.

Повеќе за EU IPA фондовите

 

Југоисточен регион

Native RTL SupportПланските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.

Повеќе за Југоисточниот регион

Советот на регионот

Ultimate Browsers SupportСовет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.

Повеќе за советот на регионот

Општините во регионот

Docs and Support10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица

Повеќе за општините на регионот

Go to top