Планирањето на регионалниот развој во Југоисточниот плански регион претставува еден од основните чекори кон исполнувањето на мисијата на регионалниот центар за развој, а во исто време и започнување на процесот на регионалниот развој кој претставува процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на Југоисточниот плански регион.
Совет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.
Претседателот на советот за развој на планскиот регион се избира од редот на членовите на советот, со мандат од две години со право на повторен избор.
Во работата на советот за развој на планскиот регион можат да учествуваат стручни лица од областа на регионален развој, претставници од стопанските комори, синдикатите, здруженијата на граѓани и други релевантни партнери од приватниот и граѓанскиот сектор.
Советот за развој на планскиот регион ги врши следниве работи:
Членовите на советот на Југоисточниот плански регион се 10-те градоначалници од регионот и тоа:
Г-дин Блаже Шапов - Градоначалник на општина Богданци
Г-дин Зоран Зимбаков - Градоначалник на општина Босилово
Г-дин Перо Костадинов -Градоначалник на општина Валандово
Г-дин Марјан Јанев - Градоначалник на општина Василево
Г-дин Сашо Поцков - Градоначалник на општина Гевгелија
Г-дин Анго Ангов - Градоначалник на општина Дојран
Г-дин Благој Илиев - Градоначалник на општина Конче
Г-дин Никола Андонов - Градоначалник на општина Ново Село
Г-дин Герасим Конзулов - Градоначалник на општина Радовиш
Г-дин Коста Јаневски - Градоначалник на општина Струмица
Инструмент за претпристапна помош (ИПА) е дел од пакетот за надворешни односи. ИПА како и останатите елементи од тој пакет претставуваат голема можност за рационализирање и поедноставување на процедурите на Европската Комисија и подобрување на кохерентноста и координацијата на активностите на Комисијата.
Планските региони се совпаѓаат со статистичките региони определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3, со цел да се обезбеди статистичка основа за планирањето на развојот на планските региони.
Совет за развој на планскиот регион се формира за секој плански регион. Членови на советот за развој на планскиот регион се градоначалниците на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион.
10 Општини се дел од Југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица